Барселона стигна на гол до чудо, но Атлетико оди во финале (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид е првиот финалист во Купот на Шпанија, откако успеа да се одбрани во последните мигови од нападите на Барса, која се закануваше да го стигне резултатот од првиот меч, кој гласеше 4-0 за Атлети. На реваншот Барса дојде до 3-0, и имаше повеќе од 20 минути да стигне и до четврти гол, но избраниците на Чоло Симеоне успеаја да се одбранат, и така да имаат можност да се борат за големиот пехар.

Барселона дојде до предност во 29. минута преку Бернал, откако му асистираше Јамал од левата страна. Играчот на Барселона ја заби топката во мрежата на Мусо.

На 2-0 Барса дојде благодарение на досуден пенал во судиското надополнување. Пубил стартуваше недозволено во шеснесетникот, а Рафиња прецизно го изведе ударот од белата точка за удвојување на предноста.

Барса го бараше и третиот гол, и до него дојде во 72. минута Кансело му сервира супер топка на Бернал, кој носи 3-0 за Барса. Сега изборување на продолженија е реална опција за „Каталонците“.

Атлетико во финалето ќе игра со подобриот од баскиското дерби. Во првиот меч Реал Сосиедад има предност пред Атлетик Билбао со 0-1.

Се вчитува...