Екипата на Барселона, еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампионите, со победа го стартуваше овогодинешното најелитно европско натпреварување. На тешкото гостување кај Монпелје, Барса успеа да слави со 30-25. Победникот шпанскиот тим го реши уште по првиот дел кога се стекна со предност од пет гола, која ја одржа до крајот на мечот.
Францускиот тим во ниту еден дел од натпреварот немаше водство, туку само повремено го израмнуваше резултатот и тоа во првиот дел. Во второто полувреме Барселона во еден момент имаше и предност од осум разлика, но следуваше опуштање во финишот и победа од „само“ пет гола.
Дика Мем постигна осум гола и тој е најфикасен на средбата, додека Хешам кај домашните постигна пет.
Екипата на Гог успеа да триумфира против Целје со 38-36, благодарение на пресвртот во вториот дел. После првите 30 минути, словенечкиот тим имаше предност, но сето тоа успеа да се сврти во второто полувреме, односно Гог да има повеќе концентрација во финишот и да го реши мечот во своја корист.
Менсинг со седум гола беше најдобар кај победничкиот тим, додека осум гола постигна Жабиц кај Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА