Барселона триумфално против Милано, лесни победи на Валенсија и Панатинаикос

Каталонскиот гигант Барселона стигна до нова победа во Евролигата, откако во неизвесен натпревар успеа да го совлада италијанскиот Милано со 84-80. Во натпревар со многу подеми и падови на двата тима избраниците на Пешиќ подобро се снајдоа, доаѓајќи до осумнаесеттата победа сезонава во Евролигата.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Малколм Дилејни со уфрлени 26 поени, надополнети со девет асистенции и пет скока, додека кај гостите се истакна Серхио Родригез со 14 поени.

Во останатите два натпревари сигурни победи остварија Валенсија и Панатинакос. Шпанците на гостински терен беа подобри од германскиот Баерн со 59-66. Грчкиот великан на домашен терен го декласираше руски Зенит со 96-81.

Се вчитува...