Ракометарите на Барселона со убедливата победа во Данска на гости против ГОГ Гудме од 30-37 веќе е сигурен учесник на Фајнфор во Лигата на шампионите.
Каталонците ја оправдаа фаворитската улога па контролирајќи го дуелот од самиот почеток лесно дојдоа до посакуваната победа.
Најдобар поединец кај Барса беше Лука Циндриќ со осум гола, а Фабрегас заврши со пет погодоци. Во редовите на ГОГ Гудме се издвои Мадсен со девет гола.
Претходно, денеска Веспрем и Кјелце одиграа без победник (29-29), а вчера ПСЖ го победи Кил со 31-27, а ремизираа и Магдебург и Висла (22-22).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА