Барселона успеа да го регистрира Олмо, ама постои услов

Дани Олмо конечно ќе заигра за Барселона. Ова е веста која ја пренесува Мундо Депортиво, кој открива како каталонскиот клуб конечно успеал да го пријави шпанскиот репрезентативец за настап во Ла Лига.

Олмо така ќе конкурира за вечерашното гостување кај Реј Ваљекано во третото коло од шпанскиот шампионат, но во целата приказна има замка за Барселона. Челниците на Шпанската фудбалска федерација дозволија своевидна условна регистрација на Олмо до крајот на 2024 година.

Се вчитува...