Барселона викендов доби лоши вести од шпанската репрезентација, откако еден од најважните играчи на тимот, Гави, се повреди на натпреварот против Грузија поради која ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.
Барса размислува кој би можел да биде замена за младиот играч за врска, а една од опциите е и Пабло Торе кој е позајмен во Џирона.
Торе не е стандарден играч на Жирона, моментално првопласираната екипа во Ла Лига, а оваа сезона имаше осум настапи од клупата, собирајќи нешто повеќе од 100 минути игра.
Барса би можела да донесе засилување во зимскиот преоден рок, а ќе видиме колку е реално за 20-годишниот Торе, кој пред да дојде во Барса настапуваше за Расинг Сантандер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА