Шпанскиот првак Барселона ќе се обиде да го доведе на „Камп Ноу“ фудбалерот за врска на Атлетико Мадрид, Родри. Тој е цел и на англискиот шампион Манчестер Сити, на инсистирање на менаџерот Пеп Гвардиола, а неговата вредност изнесува 70 милиони евра.
Во Барселона го гледаат Родри како вистински наследник на репрезентативецот Серхио Бускетс. Тој има само 22 години и веќе е доволно искусен за да може да го понесе товарот во каталонскиот клуб. Одреден интерес за Родри покажува и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА