Барселона влегува во завршната фаза од „операцијата Олмо“

Барселона влегува во финалната фаза на решавање на проблемите околу регистрацијата на Дани Олмо. Доколку случајот не биде решен до 27. декември, како што се надева Барселона, Олмо може да го напушти клубот од 1. јануари.

Барселона во летниот преоден рок го донесе Дани Олмо од Лајпциг за 55 милиони евра, а регистрацијата беше проблем уште на стартот. Сепак, клубот од Каталонија успеа да го регистрира за првиот дел од сезоната. Сега агонијата продолжува, а Олмо има клаузула во договорот според која доколку не биде пријавен може да го напушти клубот на 1. јануари 2025 година.

Според шпанските медиуми, претставниците на Барселона треба да одржат состанок со Игнасио Фернандез де Сенсепледа, судијата на Ла Лига кој ќе донесе одлука за регистрацијата на Олмо.

„АС“ наведува дека разврска на ситуацијата се очекува на 27. декември, но дека Барселона е уверена во позитивен исход бидејќи истиот судија претходно дозволил регистрација на Гави.

Истиот извор наведува дека челниците на Барселона минатата недела одржале состанок со Олмо и неговиот татко Мигел и адвокатот Рамон Валенсија. На тој состанок на играчот наводно му било ветено дека ќе биде пријавен до крајот на договорот, односно 1. јули 2030 година.

Се вчитува...