Каталонскиот гигант Барселона се вклучи во трката за ангажман на дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дајк. Холандскиот интернационалец веќе подолг период е на излезна врата од редовите на Саутемптон, а за него интерес појавија Манчестер сити, Челси и Ливерпул. Сепак, сега и Барселона е во игра, откако Хавиер Маскерано најави дека сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.
Тренерот Ернесто Валверде сака навреме да се обезбеди и да доведе нов квалитетен играч во одбраната, а Ван Дајк е одличен избор, иако се споменува и доаѓањето на младиот Матијс Де Лигт од Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА