Барселона го одбрани трофејот во Купот на Шпанија, откако во голем стил на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ја совлада Севилја со убедливи 5-0. Каталонскиот тим е на прагот на освојување на шампионската титула и во Ла Лига, а својата доминација на домашна сцена ја потврди и во куп-натпреварувањето.
Луис Суарез во 14.минута го отвори резултатот, вториот гол го постигна Лионел Меси, а до крајот на првиот дел Суарез уште еднаш се запиша меѓу стрелците.
Во второто полувреме продолжи голеадата на Барса. Капитенот Андрес Иниеста во своето последно финале во дресот на каталонскиот тим постигна погодок во 52.минута, а серијата голови ја затвори Фелипе Кутињо од пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА