Барселона во луд натпревар во Лисабон славеше над Бенфика (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона во еден интересен натпревар стигнаа до победа на гостувањето кај Бенфика (0-1) во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

По само 25 минути игра гостите останаа со фудбалер помалку откако младиот Пау Кубарси доби директен црвен картон.

Напаѓачот на Бенфика излезе пред противничкиот голман, а младиот Кубарси сакајќи да ја исправи грешката се обиде да ја освои топката, но го фаулираше Павлидис по што доби директен црвен картон.

Клучниот момент се случи во 61. минута кога Рафиња го постигна погодокот вреден победа за Каталонците.

Benfica 0 – [1] Barcelona – Raphinha 61'
byu/smaibaba8 insoccer

Се вчитува...