Барселона во очај: Итно продава двајца фудбалери за да може да го регистрира Олмо

Раководството на Барселона сака да ги продаде Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен во јануари, информира весникот „ Спорт “. На Данецот му истекува договорот и одигра само 26 минути од почетокот на сезоната. Ерик Гарсија има 13 натпревари, но само 541 минута во нив. Со ваквиот потег од „Камп Ноу“ се надеваат дека ќе успеат да внесат само пари во клупската каса и на тој начин да можат малку да ги олеснат финансиските тешкотии на клубот и на тој начин да можат да го ангажираат Дани Олмо.

Денеска стигна веста дека судот ја одбил жалбата на Барселона за регистрација на Олмо, па Барселона има уште три дена да ги заврши сите формалности.

Затоа некој мора да биде продаден, а први на „удар“ се Гарсија и Кристенсен. Меѓутоа проблем е што Барса нема понуди за овие двајца играчи. Во меѓувреме притисокот расте повеќе, ако се има во предвид дека менаџерот на Олмо отпатувал во Манчестер на преговори со Сити.

Се вчитува...