Барселона во офанзива по Рафаел Леао

Жоан Лапорта не мирува, првиот човек на Барселона е цврсто решен да донесе ново елитно засилување за позицијата лево крило, а на врвот на листата со желби се наоѓа Рафаел Леао.

Брзоногиот фудбалер на Милан игра импресивно во последните неколку сезони за „росонерите“, но истовремено и не ја крие желбата да замине во друг европски гигант доколку се исполнат условите за такво нешто. Барса беше поврзувана и со Луиз Дијаз од Ливерпул, но Лапорта воопшто не преговара за Колумбиецот туку приоритет до крајот на овој преоден рок му е да го осигура потписот на Леао.

Самиот фудбалер веќе дал зелено светло, но сега следи потешкиот дел од работата, да се убеди Милан на договор пред крајот на преодниот рок, при што „росонерите“ би имале малку време за да доведат адекватна замена.

Италијанскиот гигант ќе инсистира на отштета од 90 милиони евра, а интересно ќе биде да се види дали Лапорта ќе се обиде да ја спушти оваа сума со вклучување на некој играч од актуелниот ростер во понудата.

Се вчитува...