Барселона, во трилер-меч, до трофејот на Супер Глоуб – Голманот Нилсен со неверојатни 27 одбрани!

Ракометарите на Барселона се победници на Супер Глоуб откако по продолженија во трилер-меч славеа во финалето против унгарски Веспрем со 31-30.

Во крајно неизвесен натпревар, регуларниот дел заврши со 22-22. Барса во продолженијата имаше предност и од два гола разлика, но сепак Унгарците се вратија во игра.

На крајот херој на каталонскиот тим беше голманот Емил Нилсен кој одбрани зицер во 77. минута, а во самиот финиш запре и уште еден напад на Веспрем, а Барселона во последниот напад постигна гол за победа.

Нилсен имаше неверојатни 27 одбрани на натпреварот!

Се вчитува...