На утрешниот натпревар против Бетис, на дресовите на Барселона наместо името на играчите ќе го пишува името на градот, објавено е на официјалниот сајт на клубот. Каталонскиот клуб доби посебна дозвола од Шпанската фудбалска федерација, за да им оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад што се случи во четвртокот во Барселона. Покрај името на градот, сите играчи на дресот ќе го имаат и слоганот #TotsSomBarcelona (сите сме Барселона) што исто така е одобрено од раководството на Ла Лига.
„Сакам да им изразам сочувство на семјствата и на пријателите на жртвите на ужасниот напад. Ние кои сакаме да живееме во мир и во свет без омраза во кој почитувањето и толеранцијата се основа за соживот, ние сме во мнозинство и нема да се предадеме“ – порача Лионел Меси.
Пред натпреварот против Реал Бетис, утре во 20.15 часот, играчите и навивачите со едноминутно молчење ќе им оддадат почит на жртвите во терористичкиот напад во кој загинаа 13 луѓе, а стотина се повредени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА