Барселона до крајот на 2027 година или почетокот на 2028 година ќе има нова затворена сала која ќе ја користат секциите на овој клуб меѓу кои најзвучни се кошаркарската и ракометната.
Сегашната „Блауграна“ е една од најмалите и најмалку модерни сали во Евролигата и во Шпанија. Кога ќе се погледне дека секој голем клуб во Евролигата и претендент за титулата има сала со петцифрен број на седишта, тогаш јасно е дека мора да одговори и Барселона. Особено ако се земе предвид дека Валенсија е на прагот да отвори нова сала како и Баерн, додека Виртус најавува изградба на нова арена.
Навивачите се плашеа дека управата нема намера да гради нова сала, но „Мундо депортиво“ пишува дека има јасни планови за новата „Блауграна“ која ќе има капацитет од 15.000 седишта. Пред неколку дена се појави веста дека Барса ќе мора да се пресели во олимписката сала „Сант Џорди“, каде пред повеќе од една деценија се играше фајналфор, но се чини дека се уште има потреба од модерна сала која ќе биде новиот симбол на клубот и која ќе биде дом на неколку спортски секции.
Салата треба да биде готова за четири години, а проектот во 2025 година. Самата изградба би траела и до една година, а во клубот има мали несогласувања околу рокот. Многумина веруваат дека салата би можела да биде завршена само до крајот на 2031 година, кога ќе истече вториот мандат на претседателот Жоан Лапорте. Секако, прво би требало да биде реизбран за претседател на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА