Барселона за само седум минута ја потона „жолтата подморница“ (ВИДЕО)

Барселона им се врати на победите во Ла Лига откако во 10. коло славеше на домашен терен против Вилјaреал со 3-0. Победата каталонците ја осигураа во растојание од седум минути во првото полувреме по што немаа проблеми во продолжението.

Во 31. минута Левандовски на асистенција на Алба прв пат ја затресе мрежата, а четири минути подоцна полскиот репрезентативец и по втор пат го совлада гостинскиот голман. Конечниот резултат го постави Фати кој одлично се снајде во шестнаесетникот во 38. минута.

 

Се вчитува...