Шпанскиот гигант Барселона е најновиот европски клуб кој појавува интерес за напаѓачот на Торино и италијански репрезентативец Андреа Белоти. По Баерн Минхен, Челси, Манчестер сити и Интер, сега и Барселона влегува во трката за негов потпис. Торино и понатаму не размислува за негова продажба под 80 милиони евра, но каталонскиот гигант доколку навистина сака да го доведе на „Камп Ноу“, тогаш и таа сума не би била преголема пречка.
Раководството на Барселона размислува да ангажира нов квалитетен напаѓач, откако Пако Алкасер воопшто не ги оправда очекувањата и најверојатно ќе мора да си замине. Иако на „Камп Ноу“ владее триото Меси – Суарез – Нејмар, сепак, челниците на каталонскиот гигант сакаат да ангажираат уште еден елитен голгетер. Изборот е Белоти, но ќе треба да излезат и како победници во трката со останатите големи европски клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА