Шпанскиот првак Барселона полошо од очекувањата го стартуваше новиот шампионат во Ла Лига, на удар е тренерот Ернесто Валверде, а раководството на клубот веќе размислува и за нови засилувања. Една од целите на каталонскиот клуб е шпанскиот репрезентативец Фабијан Руиз кој блесна во редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи.
Соиграчот на Елиф Елмас минатата сезона дојде од Бетис во Неапол за сума од 30 милиони евра и потпиша договор до 2023 година. Со добрите игри го сврте вниманието на големите европски клубови, ова лето имаше преговори и со Реал Мадрид, а во трката сега се вклучи и Барселона.
Наполи нема лесно да се откаже од одличниот Шпанец. Претседателот Аурелио де Лаурентис веќе подготвува нов ревидиран договор со многу подобри финансиски услови за Руиз да остане долго на „Сан Паоло“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА