Барселона се уште ја бара замената за Серхио Бускетс кој по 15 години заина омд каталонските редови и премина во Интер Мајами каде повторно ќе соработува со Лео Меси.
Шпанскиот тим на листата на желба ги имаше Марсело Брозовоиќ, Џошуа Кимих, Софјан Амрабат…, но откако пропадна можноста за нивни трансфер се отвори место за Ориол Ромеу.
Триесетиедногодишниот фудбалер на Жирона е идеалното решение за дефанзивниот играч од средниот ред со оглед на тоа што не е прескап на маркетот, а има и богато искуство.
Пред преселбата во Жирона настапуваше седум години во Премиерлигата за Саутемптон, а четири години претходно ги бранеше боите на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

