Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за активностите на Каталонците на летниот пазар.
Како што може да се заклучи од неговите зборови, Каталонците завршија со засилувања во овој преоден рок.
„Во принцип, нема да има повеќе трансфери. Имаме тим и тренерот сака да го засили првиот тим со играчи од Б-тимот, но во моментов не се очекуваат засилувања. Ќе се обидеме да избегнеме какви било болни заминувања. Нема да споменувам конкретни имиња, бидејќи сите играчи се играчи на Барселона и сите сме задоволни од нив, но ќе има некои прилагодувања, бидејќи има премногу играчи на некои позиции и нешто мора да се направи. Тоа веќе е помеѓу тренерот Флик и спортскиот директор Деко“, изјави Лапорта.
Ако зборовите на Лапорта единствени две засилувања за Барселона летово ќе бидат Маркус Рашфорд кој дојде на позајмица од Јунајтед и голманот Џоан Гарсија кој стигна од Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

