Барти е незапирлива, лесна победа и на Серена

Ешли Барти продолжува со серијата импресивни настапи откако австралиската тенисерка забележа лесна победа над Британката Хариет Дарт со максимални 2-0 во сетови. Првата носителка мина на теренот помалку од еден час, експресно го доби првиот сет со 6-1, со идентичен резултат триумфираше и во вториот, за прв пласман во осминафиналето од Вимблдон во својата кариера. Барти го заврши мечот со дури 23 винер-удари и само шест неизнудени грешки, како потврда зошто оваа тенисерка моментно е прворангирана на ВТА-листата. Следен ривал на Барти ќе биде Американката Риске, која славеше со 2-1 во сетови над Белинда Бенчиќ.

Со сигурни игри продолжи и Серена Вилијамс, која имаше незгодна задача против Германката Гергес, но сепак успеа да стигне до победа од максимални 2-0 во сетови. Поранешната шампионка во следното коло ќе се сретне со Суарез Наваро од Шпанија. Пласман во осминафиналето обезбеди и Петра Квитова, која со 6-3, 6-2 ја совлада Линет.

Кеи Нишикори со рутински 3-0 славеше над Американецот Џонсон, а со идентичен резултат триумфираше и Сем Квери во пресметката со Милман.

Се вчитува...