Ешли Барти и Маркета Вондрушова ќе играат во финалето на вториот Грен-слем сезонава. Барти беше подобра од американската тин-сензација Аманда Анисимова со 2-1 (6-7, 6-3 и 6-3).
Првиот сет беше неверојатен. Барти поведе со 5-0, а потоа следуваше серија од шест гема на младата Американка, за водство од 6-5. Сепак, Барти успеа да направи брејк во 12. гем и да го однесе сетот во тај-брејк. По тешка борба во тај-брејкот, Анисимова успа да го добие со 7-4. Вториот сет подобро го отвори младата Американка поведувајќи со 3-0, но Барти со серија од шест гема, стигна до израмнување на 1-1 (6-3). Барти продолжи со одличната игра добивајќи го решавачкиот сет со 6-3.
Во големото финале таа ќе игра против Маркета Вондрушова од Чешка која беше подобра од Јоана Конта од Велика Британија со 2-0 по сетови (7-5 и 7-6(2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА