Ешли Барти стигна до својот најзначаен трофеј во кариерата откако го доби вечерашното финале во Мајами против Каролина Плишкова со 2-0 во сетови. Оваа 22-годишна австралиска тенисерка влезе во турнирот како 12. носителка, но по освоениот пехар ќе скокне на деветтото место на ВТА-листата.
Првиот сет мина максимално израмнето, за во тајбрејкот Барти да издоминира во однос на ривалката од Чешка и да слави со 7-1. Австралијката потоа направи брејк на самиот почеток од втоиот сет, по што со сигурен сервис (го заврши финалето со 15 ас-удари) стигна до конечни 6-3 за своја четврта титула во кариерата.
Интересен е податокот дека таа е 14. различна освојувачка во женска конкуренција на 14-те досегашни турнири во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА