Првиот човек на Евролигата, Џорди Бартомеу, изјави дека неговата организација не е во војна со ФИБА. Бартомеу во интервју за шпанскиот „Ас“ говореше околу конфликтот со ФИБА и зошто би било најдобро тој да биде решен. Имено, тој смета дека тие не се во војна, туку само дека имаат различни мислења за одредени работи.
„Не сме во војна со ФИБА, едноставно имаме различни ставови на одредени теми. Вистина е дека пред четири години имавме мали проблеми околу Евролигата кога тие сакаа да ни го преземат натпреварувањето, но сето тоа е зад нас. Во текот на последните месеци тие ја имаа трагичната смрт на Бауман, па многу работи се променија. Имаме шанса да го решиме секој проблем, вклучувајќи ја и Евролигата. Никој не мисли дека треба да имаме четири европски натпреварувања, тоа е бесмислица“, изјави Бартомеу.
Панатинаикос, Партизан, Галатасарај и Уникаха се само дел од клубовите за кои во последно време се шпекулира дека ќе заминат од Евролигата и Eврокупот и ќе преминат во Лигата на шампионите во ФИБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА