Одржувањето на фајналфор турнирот од Евролигата беше искористен за масовна кампања на српската кошаркарска јавност за доделување на дополнително место на тим од АБА-лигата во елитното европско натпреварување.
Во ситуација кога руските тимови (со исклучок на ЦСКА) најверојатно нема да бидат дел од Евролигата, се веруваше дека Црвена Звезда и Партизан би можеле да добијат покани, но крај на овие надежи стави првиот човек на лигата, Жорди Бартомеу.
„АБА-лигата нема да добие втора вајлд-карта за наредната сезона. Шампионот сигурно ќе игра во Евролигата наредната сезона, но за останатите нема гаранција. За нас овој пазар е многу значаен, особено Белград, каде повторно го организираме фајналфор турнирот. Сепак, да имаш два тима од еден град, од Белград, тоа воопшто не е едноставно. Имаме две места за Германија, но тоа се различни градови, Минхен и Берлин, што е многу значајно кога се претставувате на одреден пазар. Не велам дека е невозможно да имаме два тима од Белград во Евролигата, но тоа сигурно нема да се случи во блиска иднина, не во наредната сезона“, изјави Бартомеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА