Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу ги демантираше шпекулациите дека Антоан Гризман летово ќе премине во каталонскиот гигант.
„Веќе го кажав тоа. Не преговаравме за доведување на Гризман. Ќе видиме како ќе се развива пазароот наредните седмици. Пред нас се јуни, јули и август. Мораме да размислуваме и на нашиот втор тим. Ќе има фудбалери кои ќе си одат, но ќе има фудбалери и кои ќе дојдат“, изјави Бартомеу.
Францускиот фудбалер на крајот на сезоната најави дека заминува од Атлетико Мадрид, а директорот на тимот од „Ванда метрополитано“, Мигел Анхел Хил, најави дека тој ќе потпише за Барселона, но сепак од тоа нема никаква вистина.
Очигледно, многу поверојатно е дека Барса со сите сили ќе тргне по потписот на Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА