Бартомеу: И да вреди едно евро, Меси не мрда од Барселона

Претседателот на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу вели дека Лионел Меси уште долго ќе биде дел од каталонскиот клуб, па и да вреди едно евро тој сигурно нема да го продаде.

„Сигурен сум дека уште долго ќе остане во Барселона. Неверојатно е, но тој секој ден е се подобар. Неговата откупна клаузула вреди 700 милиони евра, но тоа е ирелевантно. И да изнесува едно евро, тој не си оди од Барселона. Меси одлично се чувствува тука. Тој дојде на 12 години, а сега има 31. Барселона е неговиот дом“, вели Бартомеу. 

Меси има договор со Барселона до јуни 2021 година, но од тимот сакаат предвреме да му го продолжат договорот. Во Ла лига Барселона е прва со 74 бода, девет повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид. Во полуфиналето од Лигата на шампионите играат против Ливерпул, а во финалето од Купот на кралот ќе се сретнат со Валенсија.

Се вчитува...