Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу вели дека не постои „случај Нејмар“ бидејќи Пари Сен Жермен не сака да го пушти Бразилецот да замине.
„Ние знаеме дека Нејмар сака да го напушти Париз. И знаеме дека ПСЖ не сака да го пушти. Тоа е тоа. Не постои „случај Нејмар“. Впрочем мислам дека Дембеле е подобар од него. Помлад е, уште може да напредува и е иднината на клубот“, изјави Бартомеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА