Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу, ја затвори вратата за Партизан да учествува заедно со Црвена звезда во новата натпреварувачка сезона од елитното европско натпреварување. Белградските „црно-бели“ се надеваа на вајлд-карта за учество во Евролигата, но Бартомеу беше дециден на оваа тема – АБА нема шанси да добие и второ место во одбраното друштво.
„Во овој момент нема шанса да примиме и втор тим од таа лига. Тешко е да се процени кој од апликантите има најдобра перспектива за развој, бидејќи во клубовите од АБА-лигата нема стабилност, туку ги одликуваат бројни растови и падови. Не ни размислуваме АБА во блиска иднина да добие уште едно место“ – изјави Бартомеу.
Според зборовите на претседателот на Евролигата, Црвена звезда ќе биде единствен претставник во регионот за сезоната 2019/2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА