По тешкиот пораз на „Енфилд“ и елиминацијата од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите, Барселона доживеа уште еден удар со поразот од Валенсија во финалето од Купот на кралот.
Многу навивачи на Барса сметаат дека еден трофеј во сезоната е малку за овој тим. Извештаите на дел од шпанските медиуми по синоќешното финале сугерираа дека тренерот Ернесто Валверде го одработил последниот натпревар на клупата на каталонскиот тим. Но, се чини дека тој ќе го преживее и тој пораз…
„Секогаш потенцираме дека Ернесто Валверде е под договор и затоа ќе остане и следната сезона. Не мислам дека тој е виновен за поразот од Валенсија“ – рече по синоќешниот пораз претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу.
Валверде, пак, како и обично не сакаше да зборува за својот статус. Но, на прашањето дали останува во клубот кратко одговори.
„Не знам, не можам ништо да ви кажам околу тоа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА