Првиот човек на Барселона, Хозе Марија Бартомеу потврди дека Лионел Меси би можел да го напушти клубот една година пред истекот на договорот.
Меси има договор до јуни 2021 година, но веќе во јуни 2020 година би можел да го напушти клубот доколку сака. Но, Бартомеу е мирен околу тоа прашање затоа што, како што вели, е сигурен дека Меси до крајот на кариерата ќе остане во Барселона…
„Лео Меси има можност, ако сака, да го напушти клубот година дена порано“ – вели Бартомеу и дополнува:
„Ист случај беше и со договорите со Чави, Пујол, Иниеста. Тоа се фудбалери кои заслужуваат таква слобода. Но не треба премногу да се грижиме. Сите тие беа посветени на Барселона. Верувам така ќе биде и со Меси кого сакаме да го имаме до 2021 година, но и потоа. Мирни сме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА