Бартон: Нејмар е Ким Кардашијан во светот на фудбалот

Џои Бартон беше познат по премиерлигашките терени како еден од најбескомпромисните фудбалери, кој никогаш немаше преголем „пардон“ кон ривалите. Англискиот фубалер е идентично расположен и кога разговара за своите колеги, а дефинитивно најмалку од сите ѕвезди на овој спорт го почитува Нејмар, кого го споредува со Ким Кардашијан.

„Ако го гледате Нејмар, мој став е дека тој е Ким Кардашијан во светот на фудбалот. Тој не е најдобар фудбалер во светот, сите го видовме тоа повторно во Русија. Не е на нивото на Роналдо и на Меси, а пред него има и многу други фудбалери. Нејмар не е фудбалски феномен, туку маркетиншки феномен, како Кардашијан. Немам никаква почит за него како играч, не го ни споменуваме името Нејмар во нашиот дом, мојот син кога игра на компјутер настапува со најдобрите играчи, Меси, Роналдо, Салах… но, дефинитивно не со Нејмар“ – истакнува Бартон.

Се вчитува...