Финишот од преодниот рок донесе уште едно заминување од Борусија Дортмунд, откако Марк Бартра денеска си замина од таборот на „милионерите“ и се врати назад во Шпанија.
Бетис ќе биде новиот клуб на 27-годишниот дефанзивец, откако клубот од Севилја ги договори деталите со раководството на Борусија. Имено, Бартра ќе замине на позајмица до крајот на сезонава, по што Бетис ќе има можност во текот на летото целосно да го откупи договорот со германскиот клуб за сума од 15 милиони евра.
Покрај Бартра тимот на Борусија ќе остане и без најдобриот стрелец Пјер Емерик Обамејанг, а згора на тоа повреда заработи украинскиот офанзивец Андреј Јармоленко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА