Шпанскиот интернационалец од редовите на Борусија Дортмунд, Марк Бартра, ќе биде надвор од терените во наредните четири седмици и најверојатно нема да може да настапи за „милионерите“ речиси до крајот на сезоната. Тој доживеа повреда на раката по бомбашкиот напад што се случи на автобусот на Борусија Дортмунд, во пресрет на натпреварот против Монако во вторникот. Мечот беше одложен за наредниот ден, а Бартра замина на операција на раката.
„Тој би сакал да игра веќе на следниот натпревар, но имаме забрана од лекарскиот тим и апсолутно ќе ја почитуваме поради здравјето на фудбалерот. Бартра ќе паузира четири седмици, но најважно е да се опорави и сите што е можно побрзо да го заборавиме тој непријатен настан“, изјави тренерот на „милионерите“, Томас Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА