Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра, се чувствува многу подобро по вчерашниот инцидент во кој беше повреден при бомбашкиот напад на автобусот на Борусија Дортмунд што се случи на патот кон стадионот „Сигнал Идуна парк“, во пресрет на мечот од ЛШ против Монако. Натпреварот беше одложен и ќе се одигра денеска, со почеток во 18.45 часот, а Бартра заврши во болница поради повреда на раката.
Фудбалерот, кој синоќа беше опериран, на Инстаграм јавно порача дека се чувствува добро и благодари за поддршката од фановите.
„Здраво на сите! Како што можете да забележите, се чувствувам многу подобро. Сакам да се заблагодарам на сите кои изразија поддршка. Целата енергија им ја праќам на соиграчите, симпатизерите и фановите на Борусија Дортмунд за денешниот натпревар“, напиша Марк Бартра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА