Марк Бартра дефинитивно ќе мора да мине извесно време надвор од фудбалските терени откако беше обелоденето дека повредата на фудбалерот на Борусија Дортмунд е од посериозен карактер и тој во текот на ноќта ќе биде опериран во клиниката во германскиот град.
Добра вест е што станува збор за повреда на раката, во пределот на зглобот кој најмногу настрадал од стаклата од искршениот прозор по експлозијата.
„Марк не се наоѓа во животна опасност, но ќе мора да мине извесно време во болница. Врз него ќе биде извршена операција, по што лекарите ќе одлучат кога ќе може да замине на домашно лекување“ – изјавија членовите на семејството на Барта за шпанските медиуми, демантирајќи ги гласините дека Шпанецот веќе е пуштен дома, а повредата воопшто не му е сериозна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА