Јоргос Барцокас нема да биде шеф на стручниот штаб на Барселона во следната сезона откако каталонскиот гигант реши да му врачи отказ на грчкиот стратег по тоталното фијаско во изминатата натпреварувачка сезона. Екс-тренерот на Олимпијакос беше жестоко критикуван во текот на целата сезона, во која Барса најпрвин не се пласираше во Топ 8 од Евролигата, а потоа беше елиминирана и во четвртфиналето од Ендеса-лигата.
Раководството на Барселона му искажа доверба по бунтот на дел од кошаркарите, но откако Барцокас не успеа да го разбуди тимот денеска и официјално беше објавен прекинот на соработката.
„Му посакуваме на Јоргос Барцокас многу среќа при следните ангажмани. Името на новиот тренер ќе го обелодениме во следниот период“ – соопштија челниците на каталонскиот гигант.
Главен фаворит за нов тренер на Барселона е поранешниот плејмејкер на оваа екипа, Шарунас Јасикевичиус, кој летово ќе си замине од клупата на Жалгирис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА