Барцокас го продолжи договорот со Олимпијакос

Грчкиот тренер Јоргос Барцокас потпиша нов договор со Олимпијакос и им вети лојалност на Пирејците до летото 2026 година.
Овој стратег е на чело на „црвено-белите“ од 2022 година, а претходно беше на чело на овој клуб од 2012 до 2014 година.

Во тој период успеа да ја освои Евролигата во 2013 година, а дел од тој тим на пирејците беше и нашиот Перо Антиќ.

Во текот на својата тренерска кариера Барцокас ги водеше и Химки, Барселона, Локомотив Кубан, Паниониос.

Се вчитува...