Барцокас откри кој е најголемиот проблем на Олимпијакос

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас потврди дека грчкиот евролигаш е во потрага по замената за Кинан Еванс кој заработи нова тешка повреда, овој пат на Ахиловата тетива, повреда која ќе го оддалечи од теренот до крајот на сезоната.

Олимпијакос е во потрага по кошаркар кој нема да биде само повремено решение, туку лидер кој може во целост да ја превзема улогата која му припаѓаше на Американецот, но за оставанување на желбата постои еден голем проблем.

„Моментално нека конкретен кошаркар. Бараме опции на маркетот, но многу е тешко. Не сакаме да донесеме обичен играч, туку некој кој е на ниво на плеј-оф на Евролигата. Тоа не е лесно. Потребни ни се брзина, цврстина и ментална сила. Немаме 15 опции. Бараме само еден вистински играч – без обѕир на тоа каде моментално се наоѓа“, изјави Барцокас.

Олимпијакос во моментот е високо на табелата во Евролигата завземајќи го четвртото место со скор од седум победи и четири порази.

Се вчитува...