Спортскиот директор на Барселона, Давид Баруфет, со огромна почит говореше за Вардар откако македонскиот првак беше извлечен за ривал на каталонскиот гигант во полуфиналето од фајналфор турнирот во Келн. „Црвено-црните“ се единствени дебитанти од четирите учесници на овој фајналфор, но Баруфет потенцира дека квалитетот на македонскиот шампион е огромен, а ракометарите и стручниот штаб на Барса се свесни за големината на предизвикот пред нив.
„Не се залажуваме со фактот дека се дебитанти, знаеме колку е опасен Вардар. Зборуваме за тим со искусни играчи, нашиот добар познаник Арпад Штербик, потоа Канелјас, како тренерот Раул Гонзалес, кој исто така е Шпанец. Тој ја базира играта на цврстата одбрана, на чело со одличниот голман, така што ни е јасно колку е силен нашиот противник. Вардар го освои првото место во својта група, што е уште еден доказ за квалитетите на оваа екипа“ – изјави Баруфет.
Вардар и Барселона досега се имаат сретнато на десет натпревари во европските купови, при што каталонскиот гигант има девет победи и едно реми (29-29 во Скопје во 2013 година).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА