„Бас Дост имаше среќа, сега е добар и во добри раце…“

Немили сцени се случија на натпреварот меѓу АЗ Алкмар и НЕЦ Нијмиген во шампионатот на Холандија.

Поранешниот напаѓач на Волфсбург, Ајнтрахт Франкфурт и Спортинг, и актуелен голгетер на НЕЦ Нијмиген, Бас Дост се сруши на терен на центарот од игралиштето во финишот на мечот, по што натпреварот беше прекинат по десеттина секунди откако беше јасно дека нешто не е во ред.

Лекарските тимови веднаш втрчаа на терен внесувајќи и дефибрилатор. Веднаш околу него се создаде човечки штит, лекарскиот тим успеа да го реанимира и по десеттина минути на носила беше изнесен од теренот. За време не излегувањето, Дост ја подигна раката што беше знак дека се чувствува добро на олеснување на сите на стадионот.

„На огромна среќа ние во Холандија сме навистина добро подготвени за вакви ситуации. Тоа спасува животи. Никој од нас не знаеше што се случува се додека судијата не кажа дека Дост дава знаци на живот. Мислам дека Бас имаше многу среќа што медицинскиот тим веднаш беше тука. Сега е во добри раце“ – рече по мечот директорот на НЕЦ Нијмиген, Вилко Ван Шаик.

„Сакаше кога влезе во медицинското возило да ја повика сопругата. Факт е дека беше во состојба и да зборува. Но, сега ќе требаат детални анализи секако и фудбалска пауза за него. Фудбалерите беа во шок во соблекувалната, јасно е дека мечот мораше да биде прекинат. Одлично е како реагираа и од АЗ, никој не ни помислуваше на продолжување на натпреварот. Фудбалот веќе не е важен денеска, ова остави силен впечаток на сите нас. Најважно е дека Бас е сега добро и во добри раце“ – дополни директорот на НЕЦ.

Се вчитува...