МЗТ Скопје по првиот пораз во финалето одговори на одличен начин демолирајќи го Пелистер со 86-62 во третиот натпревар за водство од 2-1. Поразот во Битола не остани никаква трага, напротив МЗТ делуваше уште помоќно од Суперлигата одржувајќи му лекција по кошарка на „зелено-белиот“ ривал.
Дамка на мечот остави прекинот во третата четвртина кога пелистерци на решен натпревар се одлучија да заминат во соблекувалната солидирајќи се со своите навивачи иако тие беа виновнци за прекинот и пресметката со полицијата.
Серијата продолжува во петок во Битола, а доколку МЗТ Скопје се прикаже во приближно светло ќе ја продолжи доминацијата во мак-баскетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
















































