Лидерот на табелата во турскиот шампионат, тимот на Башакшехир, успеа да ја добие битката со Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче, за услугите на Арда Туран, капитенот на националниот тим. Тој дефинитивно си заминува од редовите на Барселона, а во наредните 18 месеци ќе игра како позајмен фудбалер во составот на Башакшехир.
По ова, турскиот клуб ќе има право и комплетно да го откупи договорот на Арда Туран од Барселона за сума од 15 милиони евра. Медиумите во Турција веќе објавија дека договорот меѓу двата клуба, а со согласност и со самиот фудбалер, е постигнат. Се очекува Арда Туран в петок и официјално да биде претставен како нов играч на Башакшехир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА