Башкими во голеада со седум гола подобар од српската Прва Искра

Фудбалерите на Башкими славеа лесна победа против српскиот нисколигаш Прва Искра за време на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Кумановци славеа со убедливи 5-2, во голеада во второто полувреме.

Во првото полувреме погодија Давид Манасиевски во 30. минута и Луис Рибеиро во 37. минута, а потоа уште пет гола во вториот дел на натпреварот. Сите три гола за Башкими во второто полувреме ги постигна Азер Козиќ.

Се вчитува...