Башкими го назначи Муарем Муарем за нов тренер

Новиот прволигаш Башкими, во престојната сезона во ПМФЛ ќе атакува на опстанокот, а за таа цел го назначи Муарем Муарем за свој нов тренер. Тој доаѓа на местото на Баже Јанакиевски, со кого беше прекината соработката по взаемен договор.

Муарем има искуство како тренер на Гостивар, најпрво како помошник, а потоа и како главен шеф на стручниот штаб.

„Муарем се покажа како тренер на Гостивар, каде покажа модерна игра и имаше неколку добри резултати. Денеска го презема  кормилото на Башкими со една цел: да изгради силен тим кој ќе има свој идентитет на теренот“, стои во објавата на Башкими.

Се вчитува...