Екипата на Башкими победнички ја стартуваше новата сезона во Втората лига, откако денеска го совлада Борец среде Велес со минимални 0-1. Кумановскиот тим кој има сериозни амбиции и најавува враќање во „елитата“, успеа со триумф да го отвори првенството.
Стрелец на единствениот гол вреден три бода беше Ардит Демири.
Овој меч требаше да се одигра во саботата, но Борец побара одложување поради тоа што нивни 10 играчи биле заразени со сезонски вирус, со што Башкими излезе во пресрет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА