Башкими го запре летот на Силекс: Алексовски со евро-гол, за кратовци крај на серијата победи (ВИДЕО)

Башкими го изненади лидерот на табелата, кратовски Силекс, во денешниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига нанесувајќи им го првиот пораз сезонава на кратовци.

По пет победи на стартот, Силекс го доживеа првиот пораз со 2-1 на гостувањето против Башкими во Куманово.

Башкими дојде до предност од 1-0 во првиот дел со голот на Аворнио во 21. минута од средбата.

Во второто полувреме Алексовски постигна феноменален гол за 2-0 во 53. минута.

Но, потоа следеше исклучувањето на Зука кај домашните во 60. минута, а квантитативната предност ја искористи Силекс во 63. минута и со голот на Мигуел Пиреш ја намали предноста на Башкими.

Сепак, и покрај бројчаната предност, Силекс не успеа до крајот да дојде до втор гол барем за бод од гостувањето во Куманово.

РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО (прво полувреме)

Куманово: БАШКИМИ – СИЛЕКС 2-1

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП  – АП БРЕРА 2-0

УТРЕ (17.09 – 15:30 ч.)

Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 

ЧЕТВРТОК (18.09 – 15:30 ч.)

Гостивар: АРЕСИМИ 1973  – ВАРДАР 

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 

Се вчитува...