Башкими одлучи да се раздели со дури девет фудбалери по крајот на есенскиот дел од сезоната.
Од клубот очигледно не се баш најзадоволни од ефектот на тимот во првата полусезона, па решени се на промени во играчкиот кадар.
„ФК Башкими 1947 им се заблагодарува на играчите Џелили, Бихорац, Симоновски, Ајдоган, Адекунле, Јахја, Аскар, Реџепи и Хаџиќ за придонесот и максималниот ангажман во клубот. Им посакуваме многу успеси во идните кариери“ – соопштија од ФК Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

