Башкими ја продолжи агонијата на Работнички: Супер-гол на Мемети како белег на мечот (ВИДЕО)

Башкими ја продолжи агонијата на Работнички ова лето кој има три порази (вклучувајќи ги и европските дуели) и само едно реми во четири официјални натпревари, притоа без ниту еден постигнат гол! Кумановци на дуелот од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига триумфираа со 0-2 на гостувањето на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Иако во главно израмнет натпревар, во кој и Работнички имаше свои шанси, сепак фудбалерите на Башкими беа далеку поконкретни и попрецизни во завршните акции сосема заслужено доаѓајќи до триумфот.

Кумановци до 0-1 на гостувањето против Работнички дојдоа во 36. минута, по автоголот на Робагидзе, откако претходно по корнерот од левата страна топката заврши во дирекот на „романтичарите“…

Потоа во второто полувреме и потегот на мечот во 78. минута. Извонредна акција на гостите по десната страна, мајсторски проигрувања со глава во шеснаесетникот на домашните па на крајот со беспрекорни ножички реализираше Ресул Мемети за конечни 0-2.

Се вчитува...